Трансферзала 4М 2009г.
Покана за Трансферзала 4М 2009г. | Покана за Трансферзала 4М 2009г. |
|
>По патот на една легенда од 11- век<
Почитувани, имаме чест да другаруваме во прекрасниот амбиент на
Осоговските Планини во знакот на бројот 7 седмо традиционално одржување
првата од четирите делници на “4М-1” Св. Гаврил Лесновски-Св. Јоаким
Осоговски. ФЕДЕРАЦИЈА НА ПЛАНИНАРСКИ СПОРТОВИ НА МАКЕДОНИЈА Македонска планинарска асоцијација ПСК “РУЕН” КРИВА ПАЛАНКА Планинарски водач Стојанче Величковски П О К А Н А За учество на Меѓународната планинарска Трансферзала “4М” 23/24 мај 2009 година Ве молиме да се придржувате на следната ПРОГРАМА за организација на трансферзалата која според Календарот на МПА традиционално се одржува во предпоследниот викенд од месец мај. САБОТА, 23.05.2009 година Караванот со учесници од КРИВА ПАЛАНКА (Плоштад) тргнува огранизирано во 04.00 часот. Сите други учесници кои на стартот ќе допатуваат со сопствен превоз важи ПРАВИЛОТО на Паркингот пред Лесновскиот манастир да дојдат навреме најдоцна до 06.15 часот. (За првпат годинава можат да се користат и сместувачките капацитети (12 легла) во Училиштето во с. Лесново.) 06.00 Собирање на учесниците во Паркот пред Лесновскиот манастир; 06.10 Пополнување на Пријава за учество; 06.20 Запознавање на учесниците со Патеката: 06.30 Огранизирано влегување во кругот на Манастирот со запознавање на значењето на манастирот и знаменитостите во Лесновски крај 06.50 Поздрав од преставници на Општина ПРОБИШТИП, 06.55 Подготовака за старт (фотографирање, прилагодување на опрема), 07.00 СТАРТ Понатамошнато движење е условено компактноста на групата (учесниците) на Трансферзалата и временските услови. Само организаторот има правото во случај на невреме (виша сила) или друга причина да промени дел од маршрутата. Секој учесник е должен да ја почитува протоколот на одржување на Трансверзалата како и напатствијата на Водичот и неговите помошници за време на реализирањето на Трансфезалата. Учесник кој без дозвола на одговорниот водич самоволно ќе се оддалечи од патеката го губи статусот на учесник на Трансверзалата а со тоа и организаторот нема никакви одговорности кон недициплинираните учесници. Во зависност од компактноста на групата, пристигнувањето на целта во Осоговскиот манастир е предвидена околу 19.00 часот. 19.00-19.50 часот одмор, припрема за вечера, сместување на учесниците. 19.50-20.00 Симболично поливање на јапонската декоративна цреша во Манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски. 20.00-22.00 Доделување на трансвезални книшки, признанија , вечера и заедничко другарување. НЕДЕЛА 24.05.2009 година Организаторот Ви ги нуди следните ОПЦИИ: 1. Можност за посета на дел од знаменитостите на 4М-2 КУКЛИЦА и ЦОЦЕВ КАМЕН. 2. Посета на манастирот св Никола с. Псача и локалитетот за карпеста уметност Илијин Рид во с. Опила. 3. Посета на патеката 4М-1с (Водопадите на Станечка Река) 4. Разгледување на манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски: Првиот МЛЕКОВОД во Европа, Галеријата на меѓународната колонија ... Ви напоменуваме доколку сте заинтересирани за некоја опциите задолжително да го пријавите заедно со Пријавата за учество за да можеме да ги Ви излеземе во пресрет, и навреме Ве известиме за ЦЕНАТА НА ПРЕВОЗОТ ако е неопходен за саканата опција. Секој учесник на Трансферзалата учествува по сопствена желба и на своја одговорност! Заради максимална безбедност, Организаторот обезбедува медицинско следење на колоната, но Организаторот не сноси никаква одговорност за било кој учесник кој нема да се придржува, на упатствата дадени за време на трансферзалата, за зравствени проблеми на поединци кои не се пријавени во Пријавниот лист, самоволно одделување од колоната како и повреди предизвикани од алкохол и други недозволени средства. Помлади малолетници може да учествуваат исклучиво во присуство на најмалку еден од родителите со претходна најава кај организаторот! Секој учесник да носи со себе соодветна и прикладна опрема соодветна на трекинг патека, соодветни чевли, батериска светилка, кабаница и резервна облека. ИСХРАНАТА е од ранец и покрај тоа што на патеката постојат 6 извори со пивка вода земете си доволно течности со оглед на должината на Патеката. Организаторот за учесниците на ЦЕЛТА обезбедува ГРАТИС манастирско гравче за вечера. (Ви напоменуваме дека во манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски Ресторанот работи!) СМЕСТУВАЊЕ: Учесниците ќе бидат сместени во манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски во повеќекреветни соби по цена од 300 денари ВО СТАРИОТ КОНАК / 7евра за странци. (Цената во луксузните апартмани на НОВИОТ КОНАК е 500 денари!). ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА СПИЕЊЕ ВО МАНАСТИРОТ НАПРАВЕТЕ ГО ШТО ПОСКОРО ЗАРАДИ ОГРАНИЧЕНИОТ БРОЈ НА ЛЕГЛА А ЗГОЛЕМЕНАТА ПОБАРУВАЧКА! Рок за пријавување за учество на Трансферзалата 4М најдоцна до 19.05.2008 година
ПРИЈАВУВАЊЕ:
Координатор на проектот “4М”, Водач во планина лиценца А-004 Стојанче ВЕЛИЧКОВСКИ, ++389(0)70 32 1234, Катица Борисовска ++389(0)31 374 270 Стоилко Арсовски ++389(0)77 643 737 Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете |
| < Претходно |
|---|