JSN ImageShow Free - Joomla 1.5 extension (component, module) by JoomlaShine.com

Случајна слика

img_1220394717_280.jpg img_1210814713_483.jpg img_1220394715_416.jpg img_1220394842_488.jpg img_1220394711_145_sm.jpg img_1210814403_510_sm.jpg img_1220394529_57.jpg img_1210814768_110_sm.jpg img_1220394719_441.jpg img_1220394721_809_sm.jpg
На почеток arrow Блог arrow Покана за Трансферзала 4М 2009г.
Покана за Трансферзала 4М 2009г.
>По патот на една легенда од 11- век<


ФЕДЕРАЦИЈА НА ПЛАНИНАРСКИ СПОРТОВИ
 НА МАКЕДОНИЈА
Македонска планинарска асоцијација
ПСК “РУЕН” КРИВА ПАЛАНКА
Планинарски водач Стојанче Величковски


П  О  К  А  Н  А
За учество на Меѓународната планинарска Трансферзала “4М”
23/24 мај 2009 година

Почитувани, имаме чест да другаруваме во прекрасниот амбиент на Осоговските Планини во знакот на бројот 7 седмо традиционално одржување првата од четирите делници на “4М-1” Св. Гаврил Лесновски-Св. Јоаким Осоговски. 

Ве молиме да се придржувате на следната ПРОГРАМА за организација на трансферзалата која според Календарот на МПА традиционално се одржува во предпоследниот викенд од месец мај.

САБОТА, 23.05.2009 година

Караванот со учесници од КРИВА ПАЛАНКА (Плоштад) тргнува огранизирано  во 04.00 часот.

Сите други учесници кои на стартот ќе допатуваат со сопствен превоз важи ПРАВИЛОТО на Паркингот пред Лесновскиот манастир да дојдат навреме најдоцна до 06.15 часот.

(За првпат годинава можат да се користат и сместувачките капацитети (12 легла) во Училиштето во с. Лесново.)

06.00 Собирање на учесниците во Паркот пред Лесновскиот манастир;

06.10  Пополнување на Пријава за учество;

06.20  Запознавање на учесниците со Патеката:

06.30  Огранизирано влегување во кругот на Манастирот со запознавање на значењето на манастирот и знаменитостите во Лесновски крај

06.50  Поздрав од преставници на Општина ПРОБИШТИП,

06.55 Подготовака за старт (фотографирање,  прилагодување на опрема),

07.00  СТАРТ

Понатамошнато движење е условено компактноста на групата (учесниците) на Трансферзалата  и временските услови.

Само организаторот има правото во случај на невреме (виша сила) или друга причина да промени дел од маршрутата.

Секој учесник е должен да ја почитува  протоколот на одржување на Трансверзалата како и напатствијата на Водичот и неговите помошници за време на реализирањето на Трансфезалата.
 
Учесник кој без дозвола на одговорниот водич самоволно ќе се оддалечи од патеката  го губи статусот на учесник на Трансверзалата а со тоа  и организаторот нема никакви одговорности кон недициплинираните учесници.

Во зависност од компактноста на групата, пристигнувањето на целта во Осоговскиот манастир е предвидена околу 19.00 часот.

19.00-19.50 часот одмор, припрема за вечера, сместување на учесниците.

19.50-20.00 Симболично поливање на  јапонската декоративна цреша во Манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски.

20.00-22.00 Доделување на трансвезални книшки, признанија , вечера и заедничко другарување.


НЕДЕЛА 24.05.2009 година

Организаторот Ви ги нуди следните ОПЦИИ:

1. Можност за посета на дел од знаменитостите на 4М-2 КУКЛИЦА и ЦОЦЕВ КАМЕН.

2. Посета на манастирот св Никола с. Псача и локалитетот за карпеста уметност Илијин Рид во с. Опила.

3. Посета на  патеката 4М-1с (Водопадите на Станечка Река)

4. Разгледување на манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски: Првиот МЛЕКОВОД во Европа, Галеријата на меѓународната колонија ...  

Ви напоменуваме доколку сте заинтересирани за некоја опциите задолжително да го пријавите заедно со Пријавата за учество за да можеме да ги Ви  излеземе во пресрет, и навреме Ве известиме за ЦЕНАТА НА ПРЕВОЗОТ ако е неопходен за саканата опција.


Секој учесник на Трансферзалата учествува по сопствена желба и на своја одговорност! Заради максимална безбедност, Организаторот обезбедува медицинско следење на колоната, но Организаторот не сноси никаква одговорност за било кој учесник кој нема да се придржува, на упатствата дадени за време на  трансферзалата, за зравствени проблеми на поединци кои не се пријавени во Пријавниот лист, самоволно одделување од колоната како и повреди предизвикани од алкохол и други недозволени средства.

Помлади малолетници може да учествуваат исклучиво во присуство на најмалку еден од родителите со претходна најава кај организаторот!

Секој учесник да носи со себе соодветна и прикладна опрема соодветна на трекинг патека, соодветни чевли,  батериска светилка, кабаница и резервна облека.

ИСХРАНАТА е од ранец  и покрај тоа што на патеката постојат 6  извори со пивка вода земете си доволно течности со оглед на должината на Патеката.

Организаторот за учесниците на ЦЕЛТА обезбедува ГРАТИС манастирско гравче за вечера. (Ви напоменуваме дека во манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски  Ресторанот работи!)

СМЕСТУВАЊЕ: Учесниците ќе бидат сместени во манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски во повеќекреветни соби по цена од 300 денари ВО СТАРИОТ КОНАК / 7евра за странци.
(Цената во луксузните апартмани  на НОВИОТ КОНАК е 500 денари!).

ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА СПИЕЊЕ ВО МАНАСТИРОТ НАПРАВЕТЕ ГО  ШТО ПОСКОРО ЗАРАДИ  ОГРАНИЧЕНИОТ БРОЈ НА ЛЕГЛА А ЗГОЛЕМЕНАТА ПОБАРУВАЧКА!
 
Рок за пријавување за учество на Трансферзалата 4М  најдоцна  до 19.05.2008 година


ПРИЈАВУВАЊЕ:

Координатор на проектот “4М”,
Водач во планина лиценца А-004 Стојанче ВЕЛИЧКОВСКИ, ++389(0)70 32 1234,
Катица Борисовска ++389(0)31 374 270 
Стоилко Арсовски  ++389(0)77 643 737
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
 
< Претходно
Advertisement
planin2.gif

Какво ќе биде времето?

 Сателитска снимка
 
kakovo_ke_bide_vremeto.gif