Блог
Трансферзален дневник 4М-2009г. | Трансферзален дневник 4М-2009г. |
|
Лето господово, 2009-то.... Како по старата традиција предпоследниот викенд во мај, на Плоштадот во Крива Паланка, во 4.00 се прибираат ранобудници со големи раници. Се собираат такси возила 1...2.5...6 ајде го употебуваме и џокерот но сепак малку се ни тебаат уште две ... Ајде додека да ги сместиме првите ќе пристигнат уште едно. Во тој момент, некако претпазиливо ни приоѓаат четворица планинари од СПИД Железничар-2006 од Врање, да , да патувале цела ноќ за да пристигнат на старт... еве таксистите веќе непланирано будат порано уште еден свој колега.... ![]() И ... комплетиран е караванот од девет возила тргнуваат кон Лесново... попатно имаме двајца планинари кои треба да се земат на КРАТЕР и еден во Пробиштип ... Предводникот им објаснува на колегите годинава да се вози преку Злетово (оразлозение поголг пат за 5 км ама подобар) и така и така враќањето ќе биде преку рудникот Добрево.. ![]() Полека се спуштаме од превојот Жгури кон Пробиштип, објективот сам се насочува во далечината, барајки го почетокот на денечното патешествие. ![]() На старт стигнуваме според предвиденото време 6.15 часот... и веднаш по планот, се пополнуваат пријавните листи, за да се олеснат организациските работи на водичот. И медицинското обезбедување пристигнува, ја гледам структурата на пријавените, особено рубрикака – здравствени проблеми, алергии и други ограничувања, се е во ред. Доктор Гоце не само што кје не следи по целата должина на патеката но и ќе пешачи со нас. По некоја случајност со возачот се знаеме од пред 10 години кога за првпат ја поставивме маркацијата... кога ја завршивме напорната работа бевме во неговото родно село Јамиште. ![]() Еден мал облак како надвисната лепеза создава полу-сенка од штотуку изгреаното сонце, Сосема доволно за да може да се фати убав кадар и по некој клип од прекрасното опружување на манастирот. Тоа е знак тргнуваме кон отворените манастирски порти, не очекуваат според најавата во 6.30... Дамите задожително облекуваат долги здолништа...одбирајќи притоа дезен кој ќе им прилега како да се на фото-сесија... Тивко влегуваме во манастирот... еден ... и таму љубезниот свештеник накратко не запознава со житието на пустиножителот Св. Гаврил Лесновски... како и за значењето на фреските, длабоката резба... знаменитостите во Лесновскиот крај... ![]() И на крај ...Дали да има прашања .. да планинарите се заинтересирани кога е манастирската слава, очигледно во некого се буди нова желба .. да се дојде пак, да се остане барем подлго... Излегуваме и правиме еден полукруг околу 6-вековната црница, каде што ги поздравуваме присутните и им даваме збор на Преставниците на општината да не поздрават. Секако не забораваме да се заблагодариме со една благодарница на Манастирот, на Телевизија Протел и секак на Преставникот на Општината, кој како по традиција ни доставува по еден енергетски додаток придружуван со проспекти кои што треба да им помогнат на планинаите кога дома ќе треба да покажат каде биле. Излегуваме... го одбираме местото за стартната фотографија ... сите се наредени ... и по добивање на енерџи-пакетот од Општината Пробиштип веќе се формира врвулицата по патот во древното село. Поминуваме покрај старите куќи со накривени диреци распукани ѕидови... небаре се неми сведоци кои што ги изгубиле своите домашни некаде ...далеку во некоја печалбарска тајфа, некаде во времето на индустијализацијата на овој рударски крај. Во средината на селото доминира училишната зграда...чии двоови се обраснати со висока трева... но сепак изгледа гордо...подмладено.. Какво е тоа ушилиште кое со години не случнало училишното ѕвоно, не видело снешко на голем одмор или можеби скриена воздишка од првата симпатија. Но така е тоа ...во транзициските времиња и објектите мора да ја прифатат новата улога, па така сега училиштето е претворено во сместувачки капацитет со 12 кревети за сите добронамерници . По околните бујни рацветани ливади , во сеуште росната трева пасат коњите, мазгите, магарињата само како подсетување за оние кои останаа во селото и потебата за комуникација и одржување на имотот. Неколку паузи од нога, за да приклучи колоната и стигнуваме до чешмата за село Луково. Се полни студена вода, се подкаснува по малку и тргнуваме... над Луково вече ни се орвора видикот на Осоговијата дури до Царев Врв... а во спротива планиско селце со трошни куќи од збиен малски тип. Еден убаво уреден пчеларник ги мами погледите на планинарите иако стопанот за секој случај страшило, за секој случај ... Навлегуваме во густата шума која треба да не спушти во долината на Злетовска Река... колку што ние се спуштаме толку се извишува Куновска Чука како зелен шумовит конус, како едно подсетување дека се движиме во некогаш активното Кратовско-злетовско еруптивно подрачје. ![]() Пред Злетовска Река тимот задолжен за поставување на наврската преку реката оди напред. 50-метарското јаже надвиснато над брзата планинска река ги чека планинарите... а тие како да се желни за освежување уживаат додека ја минуваат студената вода... мора да се внимава, камењата се лизгави... се слушаат коментари мене ми е првпат...трет...петти...седми... Се ловат убави кадри... Освежени тргнуваме кон Емиричка Река, местото каде традиционално место за појадок... И повторно се судираме со цивилизацијата, асфалт, градежни машини, големи камиони, градежни работници кои ги расчистуваат одроните и поставуваат заштитни мрежи. Сето тоа во фунција на новата брана Кнежево и хидросистемот Злетовица. Разбираме, се работи за капитална инвестиција, но има ли некој што мене би ме разбрал, јас ја поставив патеката пред 10 години, токму оваа делница по течението беше една од најубавите... Секако дека маркацијата треба да се измести, но едно е јасно таа траса би добила во должина... а и бестоа патуваме од изгрејсонце до зајдисонце. На Емиричка Река, запираме, време е за појадок, за уште една убава фотографија покрај водопадите, буковата шума или можеби покрај со здравец обраснатите ѕидови на напуштената воденица. Наближуваме кон новата брана... Добиваме известување, Медицинското обезбедување од Крива Паланка веќе е на договорената позиција, заедно со дописникот на МРТВ. Веќе се чувствува дека влегуваме во вистинско градилиште, на местото каде ја правевме последната пауза пред да го започнеме искачувањето по Кучешка Река, поставена база за дробење камен... Токму тука се разделуваме со доктор Гоце од Здравствениот Дом – Пробиштип, и ги следиме напатствијата на градежните работници и полека се искачуваме по ридот барајќи ја првата сенка под големите букови дрвја. Продолжуваме... поминуваме по големата бука која ние си ја викавме осамена, изгледа жално, околу неа е просечен пат а таа како да се наоѓа на откината санта мраз во немирно море. Продолжуваме, влегуваме внимателно во исконската шума на оваа делница мора сите да се движиме заедно затоа што влезот во шумата е обраснат и е тешко за ориентација. Конечно, воздишки, задоволство, оваа делница ни дојде како награда за сите напори ... за бројните километри, за раното будење на нокното патување... Спуштањето во Кушешка Река уште поубаво.. чиниш дека ливадите се натпреварувале која ќе аранжира поубав цветен аражман од убави планински билки. Уште една пауза, кај чешмата која извира од едно големо буково стебло... Тргнуваме кон Костадиница... Де лево, де десно неколку наименични префрлања преку Кучешка Река, се додека не излеговме на шумскиот пат кој не води до местото предвидено за ручек Конопничка Бела Вода, и највисоката точка на патеката Костадиница 1645 м. излегуваме од шумата добиваме сигнал за мобилните телефони...и ни се отвораат видиците кон Криворечкиот слив а зад грб ги оставаме во низ сите убави пољани , на Костадинечо-Лесечкото било. Веќе е извесно дека оваа година ќе поминеме на суво, иако според деталната прогноза на Осоговските планини имаше предвидено краткотраен дожд помеѓу 14 и 16 часот... Традиционално седнуваме на полјаната покрај двате чеми на Костадиница за да си приредиме ручек од ранец... за да си кажеме по некој добар благослов... Официјално изјава за нациналната телевизија... како и што доликува на највисокото ниво на трансверзалата... Ги слушаме првите впечатоци од учесниците... Сите се чуствуваме освежени... џагорот на учесниците се меша со песната на шумските птици, од овде како да се гледа целта некој на шега прокоментира... дека го веќе го почуствувал мирисот на планинарското гравче... во конаците на Осоговскиот манастир. ![]() Се поделивме во три помали групи за полесно да го усогласуваме темпото... но имаме одлично време... според легендата... кје стигнеме да го видиме прекрасното сонце во манастирскиот комплекс. На планинарите од СПИД Железничар тоа многу им значи... тие се враќаат назад уште вечерва...утре имаат планинаска акција на свој терен... Дојдоа во темно и не е добро во темница да си заминат... сакаат да направат некоја убава фотографија за себе, за своите блиски, за друштвото... Полека се спуштаме кон Дурачка Река, мизбата на расцветаниот багрем се меша со чистиот планински воздух... Слегуваме во селото Дурачка Река... и ете го првиот проблем... Продавницата Бела Вода е затворена... а и домаќините не се дома... заминале за Скопје...можеби некоја матурска е во прашање, којзнае? Полека се доближуваме до целта, на последната угорнина на Црвена Нива нсете се секогаш најтешки, за да приклучи колоната се прави последната пауза која како и секогаш е посветена на покојниот Француски сликар и графичар Мишел Раби, човекот кој толку многу ја сакаше Македонија а посебно нејзините убавини, што остави аманет неговата урна да биде пренесена во Македонија, како да сакаше вечно да биде во близината на манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски, каде што со задоволство учествуваше на ликовната колонија. Колонота приклучува, и повторно како и секогаш на зајдисонце му приоѓаме на манастирот, ми се чини дека најрадосни се планинарите од Врање кои цело време стрепеа дали навистина со ден кје стигнат, да направат убава фотографија за спомен, мораа да заминат за да утредента ги преѓекаат Белграѓани на Бесна Кобила, секоја чест.... Пристигнуваме, се поклонуваме пред светиот храм, си честитаме, а најголеми честитки за Благој кој одби на последниот километар да се качи во возилото на медицинската придружба, не заради друго не сакаше да се покори на еден плускавец... ![]() Оттука натаму се беше некако полесно, сите среќни, сите задоволни, сите добија заслужено признанија за своето учество и лично и за својот клуб, и најмладиот учесник и највозрасните двајца затоа што беше неправедно, тие ти биле врсници беа врсници. ![]() Недела По стариот добар обичај, Неделата е по relax-варијанта, едно 45 минутно движење на патеката 4М-1с, до водопадите на Козја Река. Во оваа прилика сме почестени со присуството на Преседателот на Црногорскиот планинарски сојуз и неговиот колега од Босна и Херцеговина. ![]() На стартот по обичај не пречекува Стоилко, не, неможе без него, ова е неговата роднокрајска тура, а кога се движите во прекрасен амбиент со некој кој тука го поминал детството имате чувство дека и природата ви е поверодстоја налик на прикаската или анегдотата која во моментот ја слушате како да секое дрво е споменар а секој камен алманах. Здравецот што го има во изобилие као да ви ги освежува мислите и ви ја оджува концентрацијата при честите преминувања на брзата планинска рекичка. ![]() Сите се запишуваат во листите на учесници, и секој си го зема задоволството на свој начин, ветувајќи дека нема да заборави дека и догодина предпоследниот викенд во мај ќе биде учесник на ПЛАНИНАРСКАТА ТРАНСФЕРЗАЛА 4М™ Основачот на Планинарска трансверзала 4М™ Координатор и планинарски водач Стојанче Величковски
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
www.planinarenje.org
|
| Следно > |
|---|