| Првата македонска брендирана трекинг патека |
![]() По цели 12 години, напорна работа авторското дело насловено како “По патот на една легенда од 11-век” на лиценцираниот планинарски водач Стојанче Величковски, од мај 2009 има статус на индивидуална трговска марка. Според меѓународната класификација и список на производи (услуги) заштитени се класите 35, 41 и 45.
ПЛАНИНАРСКАТА ТРАНСВЕРЗАЛА 4М™ -По патот на една легенда од 11-ти век™- Првата македонска брендирана трекинг патека (22/23 мај 2010)
На највисоката гранична кота на Македонија со Европската Унија, Евро амбасадорот Ерван Фуере со give-away од 4М™...како обврска повеќе да изградиме европски имиџ на брендот По цели 12 години, напорна работа авторското дело насловено како “По патот на една легенда од 11-век” на лиценцираниот планинарски водач Стојанче Величковски, од мај 2009 има статус на индивидуална трговска марка. Според меѓународната класификација и список на производи (услуги) заштитени се класите 35, 41 и 45. Со брендирањето се заштитени сите елементи на визуелниот идентитет, логото, мотото и традиционалниот начин на реализирање на трансверзалата. Ова ќе допринесе Брендот да се заштити од можни импровизации, со кои може да се наруши угледот на брендот, секое неовластено огласување, водење, управување со работите поврзани со брендот, водење на канцелариските работи, изведување на забавни, спортски и културни манифестации повлекува соодветна кривична, прекршочна и материјална одговорност. Како готов аражман (услуга) на пазарот на услуги за задоволување на потребите на поединците ќе се нуди исклучиво според пропишаните стандарди за брендот. Сопственикот на брендот, лиценцираниот планинарски водач Стојанче Величковски, се заблагодарува подршката од преседателот на Федерацијата на Планинарските спортови на Македонија, проф. Д-р. Јовица Угриновски, Преседателот на Македонската асоцијација на професионални водачи во планина Константин Циривири, Туристичко-информативниот центар од Крива Паланка, градоначалникот на Крива Паланка Арсенчо Алексовски, градоначалникот на општина Пробиштип Тони Тоневски, воедно ги повикува и останатите градоначаници во регионот, туристички агенции, лиценцирани планинарски водачи, НВО, фондации и поединци заинтересирани за соработка со брендот 4М™, да ги испратат своите писма за интерес, на Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете Со посебна почит се обраќам до клубовите кои вложуваат во развој на спортски активности ПСК РУЕН, ПСК ЦАРЕВ ВРВ, Извидничкиот одред Наум Наумовски – Борче, ОК Крива Паланка, информативниот портал http://krivapalanka.info , Авто Мото Клуб „ОФ РОУД ОСОГОВО“. Ќе ни биде задоволство ако имате потреба од стручна помош, за брендирање на услуга или прозвод од областа на алтернативниот туризам. По повод брендирањето на 4М™ според архивата на брендот, сите институции, установи, како и поединци кои како спозори или со своето повеќекратно учество во изминатите 10 години ќе добијат соодветни признанија и ќе биде објавена Листа на благодарност на www.planinarenje.org Воедно Ве известуваме дека овогодинешната реализација на Трансферзалата 4M ќе се реализира во традиционалниот термин (предпоследен викенд во мај) 22/23.05.2010 за што наскоро ќе бидете известени.
Секое добро, Дома и на планина Лиценциран планинарски водач, Основач и сопственик на брендот 4М™ Стојанче Величковски
|
| < Претходно | Следно > |
|---|