JSN ImageShow Free - Joomla 1.5 extension (component, module) by JoomlaShine.com
treeday-banner.jpg

Случајна слика

img_1220394725_417_sm.jpg img_1210814536_20.jpg img_1220394530_172.jpg img_1220394727_319_sm.jpg img_1220394845_974.jpg img_1220394530_261_sm.jpg img_1220394837_68_sm.jpg img_1210815439_802.jpg img_1220394529_546_sm.jpg img_1210815393_725.jpg
На почеток arrow Блог arrow Првата македонска брендирана трекинг патека
Првата македонска брендирана трекинг патека
4m-fuere-250.jpg

По цели 12 години, напорна работа авторското дело насловено како “По патот на една легенда од 11-век” на лиценцираниот планинарски водач Стојанче Величковски, од мај 2009 има статус на индивидуална трговска марка. Според меѓународната класификација и список на производи (услуги) заштитени се класите 35, 41 и 45.

 

ПЛАНИНАРСКАТА ТРАНСВЕРЗАЛА 4М™

-По патот на една легенда од 11-ти век™-

Првата македонска брендирана трекинг патека

(22/23 мај 2010)

4m-fuere-450.jpg

На највисоката гранична кота на Македонија со Европската Унија, Евро амбасадорот  Ерван Фуере со give-away од 4М™...како обврска повеќе да изградиме европски  имиџ на брендот

По цели 12 години, напорна работа авторското дело насловено како “По патот на една легенда од 11-век” на лиценцираниот планинарски водач Стојанче Величковски, од мај 2009 има статус на индивидуална трговска марка. Според меѓународната класификација и список на производи (услуги) заштитени се класите 35, 41 и 45.

Со брендирањето се заштитени сите елементи на визуелниот идентитет, логото, мотото и традиционалниот начин на реализирање на трансверзалата. Ова ќе допринесе Брендот да се заштити од можни импровизации, со кои може да се наруши угледот на брендот, секое неовластено  огласување, водење, управување со работите поврзани со брендот, водење на канцелариските работи, изведување на  забавни, спортски и културни манифестации повлекува соодветна кривична, прекршочна и материјална одговорност.

Како готов аражман (услуга) на пазарот на услуги за задоволување на потребите на поединците ќе се нуди исклучиво според пропишаните стандарди за брендот.

Сопственикот  на брендот, лиценцираниот планинарски водач Стојанче Величковски, се заблагодарува подршката од преседателот на Федерацијата на Планинарските спортови на Македонија, проф. Д-р. Јовица Угриновски, Преседателот на Македонската асоцијација на професионални водачи во планина Константин Циривири, Туристичко-информативниот центар од Крива Паланка, градоначалникот на Крива Паланка Арсенчо Алексовски, градоначалникот на општина Пробиштип Тони Тоневски,  воедно ги повикува и останатите градоначаници во регионот, туристички агенции, лиценцирани планинарски водачи, НВО, фондации и поединци заинтересирани за соработка со брендот 4М™, да ги испратат своите писма за интерес, на  Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

Со посебна почит се обраќам до клубовите кои вложуваат во развој на спортски активности  ПСК РУЕН, ПСК ЦАРЕВ ВРВ, Извидничкиот одред Наум Наумовски – Борче, ОК Крива Паланка, информативниот портал http://krivapalanka.info , Авто Мото Клуб „ОФ РОУД ОСОГОВО“.

Ќе ни биде задоволство ако имате потреба од стручна помош, за брендирање на услуга или прозвод од областа на алтернативниот туризам.

По повод брендирањето на 4М™ според архивата на брендот, сите институции, установи, како и поединци кои како спозори или со своето повеќекратно учество во изминатите 10 години ќе добијат соодветни признанија и ќе биде објавена Листа на благодарност на www.planinarenje.org

Воедно Ве известуваме дека овогодинешната реализација на Трансферзалата 4M ќе се реализира во традиционалниот термин (предпоследен викенд во мај) 22/23.05.2010 за што наскоро ќе бидете известени.

 

Секое добро,

Дома и на планина

Лиценциран планинарски водач,

Основач и сопственик на брендот 4М™

Стојанче Величковски

http://www.planinarenje.org

 

 
< Претходно   Следно >
Advertisement
td2010.jpg
Image
planin2.gif

Какво ќе биде времето?

 

Костадиница
Титов Врв
Голем Кораб
 
kakovo_ke_bide_vremeto.gif