Активности
Активности
Покана за Учество на Трансферзала 4М 2010 година | Покана за Учество на Трансферзала 4М 2010 година |
|
П О К А Н А За учество на првата делница од Меѓународната планинарска Трансверзала 4М™ Св. Гаврил Лесновски - Св. Јоаким Осоговски 22/23 Мај 2010 година
Почитувани,
Поминаа 10 години од првото поминување на Трансверзалата 4М™, Легендата оживеа, во пријатните спомени на сите досегашни учесници, а самата уникатност на идејата и начинот на организирање беше основа за да токму 4М™ го добие статусот на прва брендирана trekking патека во Македонија, односно нејзината прва делница “4М-1” Св. Гаврил Лесновски - Св. Јоаким Осоговски.
Ве молиме да се придржувате на следната ПРОГРАМА за организација на трансверзалата која традиционално се одржува во предпоследниот викенд од месец мај.
САБОТА, 22.05.2010 година
Караванот со учесници од КРИВА ПАЛАНКА (Плоштад) тргнува огранизирано во 04.00 часот со ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ по цена 250 денари за учесник. Сите други учесници кои на стартот ќе допатуваат со сопствен превоз важи ПРАВИЛОТО на Паркингот пред Лесновскиот манастир да дојдат навреме најдоцна до 06.15 часот.
06.00 Собирање на учесниците во пред ЛЕСНОВСКАТА ПЕШТЕРА, пред Лесновскиот манастир;
06.10 Пополнување на Пријава за учество и објаснување на легендата од 11-ти век;
06.25 Организирано влегување во кругот на Манастирот со запознавање на значењето на манастирот и знаменитостите во Лесновски крај,
06.40 Објанување за патеката од одговорниот водач и основач на Трансверзалата 4М™, на традиционалното место,пред црницата која е стара околу века,
06.50 Поздрав од претставници на Општина ПРОБИШТИП,
06.55 Поздравна порака од Почесниот учесник на Трансверазата 4М™ за 2010 година на Трансверзалата 4М™
07.05 Подготовка за старт (фотографирање, прилагодување на опрема ),
СТАРТ - Стартот ќе биде означен со пуштање на 10 гулаби кои симболично ја преставуваат десетгодишнната од поставувањето на патеката 4М1 и Една година од брендирањето на 4М, истовремено Гулабите ќе летат по легендата од 11-ти век ќе ја пренесат и бројната состојба на учесниците на учесниците во Крива Паланка за да почне припремата на традиционалното планинарско гравче.
Понатамошнато движење е условено компактноста на групата (учесниците) на Трансверзалата и временските услови.
Организаторот го задржува правото во случај на невреме (виша сила) или друга причина да промени дел од маршрутата.
Секој учесник е должен да го почитува протоколот на одржување на Трансферзалата како и напатствијата на Водичот и неговите помошници за време на реализирањето на Трансфезалата.
Учесник кој без дозвола на одговорниот водич самоволно ќе се оддалечи од патеката го губи статусот на учесник на Трансверзалата а со тоа и организаторот нема никакви одговорности кон недициплинираните учесници.
Во зависност од компактноста на групата, пристигнувањето на целта во Осоговскиот манастир е предвидена околу 19.00 часот.
19.00-19.50 одмор, припрема за вечера, сместување на учесниците.
19.50-20.00 Засадување на Дрво од црница во Манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски.
20.00-22.00 Доделување на трансвезални книшки, признанија , вечера и заедничко другарување.
НЕДЕЛА 23.05.2008 година
Посета на патеката 4М-1с (Водопадите на Станечка Река)
Разгледување на манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски: Првиот МЛЕКОВОД во Европа, Галеријата на меѓународната колонија ...
Ви напоменуваме доколку сте заинтересирани за некоја друга алтернативна опција за посета на некоја културна знаменитост во Осоговскиот регион, нагласете го тоа во Пријавата за учество за да можеме да Ви излеземе во пресрет, и навреме Ве известиме за ЦЕНАТА НА ПРЕВОЗОТ ако е неопходен за саканата опција.
Секој учесник на Трансферзалата учествува по сопствена желба и на своја одговорност!
Заради максимална безбедност, Организаторот обезбедува медицинско следење на колоната, но Организаторот не сноси никаква одговорност за било кој учесник кој нема да се придржува, на упатствата дадени за време на трансферзалата, здравствени проблеми на поединци кои не се пријавени во Пријавниот лист, самоволно одделување од колоната како и повреди предизвикани од алкохол и други недозволени средства.
Помлади малолетници може да учествуваат исклучиво во присуство на најмалку еден од родителите или тренер ако се работи за спортист, професор по фискултура ако се работи за ученик, начелник на одред ако станува збор за извидници, со претходна најава кај организаторот!
Секој учесник да носи со себе соодветна и прикладна опрема, чевли соодветни за трекинг патека, кабаница и резервна облека, сад за вода + батериска светилка,...
ИСХРАНАТА е од ранец и покрај тоа што на патеката постојат 6 извори со пивка вода земете си доволно течности со оглед на должината на Патеката.
Организаторот за учесниците на ЦЕЛТА обезбедува ГРАТИС манастирско гравче за вечера. (Ви напоменуваме дека во манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски Ресторанот работи!
СМЕСТУВАЊЕ: учесниците ќе бидат сместени во манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски во повеќекреветни соби по цена од 250 денари ВО СТАРИОТ КОНАК / 7евра за странци.
(Цената во луксузните апатмани на НОВИОТ КОНАК е 500 денари !).
Место за спиење во манастирот има само за оние кои први ќе се пријават, побарувачката за места е зголемена заради продолжениот викенд и Релито со џипови.
Рок за пријавување за учество на Трансферзалата 4М најдоцна до 18.05.2010 година кај организаторот: 070.32.1234 Стојанче Величковски, или на e-mail Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
|
| < Претходно | Следно > |
|---|