|
ФЕДЕРАЦИЈА НА
ПЛАНИНАРСКИ СПОРТОВИ НА МАКЕДОНИЈА
МАКЕДОНСКА ПЛАНИНАРСКА
АСОЦИЈАЦИЈА
ПСД “Руен - Крива
Паланка”
Планинарски водач
Стојанче ВЕЛИЧКОВСКИ
ПЛАНИНАРСКАТА
ТРАНСВЕРЗАЛА “4М”
Св. Гаврил Лесновски -
Св. Јоаким Осоговски (4М1)
(Според
Календарот на МПА традиционално се одржува во предпоследниот викенд на мај)
Трансверзалата 4М1 се одржа на 19/20.05.07 и покрај неполоволните временски
услови, беа пријавени 70 планинари до 15.05.07 но 2/3 го откажаа своето доаѓање
(повеќето заради обилните врнежи а имаше
и такви кои не успеаа да се организираат со превоз) меѓу кои имаше и од Бугарија и Србија.
На стартот на 19 мај се
појавија ПСД Кораб 13 , ПСД Бел Камен Радовиш 1, Извиднички одред Наум
Наумовски-Борче 3,ПСД Руен Крива Паланка 7. Исто така Традиционално бевме
испратени од првиот преседател на ПСД Руен - Крива Паланка на старт а + двајца
планинари од Крива Паланка тргнале за да не пресретнат и од половина пат се
вратија заедно со останатите учесници.
Честа за мегународен учесник му припадна на Преседателот на Планинарскиот Сојуз
на Србија Боривоје Вељковиќ кој не само сто ја мина патеката 4М1 лично
учествуваше во засадувањето на
декоративната цреша во Лесново и лично презеде обвска да се заложи за
реализација на 4М2 кон Македонија и 4М3 кон Бугарија.
Наредниот ден беше одбрана опцијата 4М1с (Водопади на Козја Река), презентација
на еколоски мед, воденици, валјалници и како шлаг завршница со луда журка во вила-ресторант “ММ” се разбира
во организација на организаторот и подржувачите на трансверзалата, Бладодарност
до Локалната самоуправа Пробистип, Вила-Ресторант “ММ”, Медицински Центар Крива
Паланка, Норгес Вел, Рибник- Ресторант “Да-бо”, дисконт “ Орион-Комерц” како и
сите сто лично беа вклучени во Одборот за организација на Трансверзалата,
Секој учесник доби на старт планинарски ланч-пакет,бесплатна вечера-
планинарско гравче, ручек, трансверзална книшка, а признанија добија секое
Планинарско друштво, ПСС, најмладиот и највозрасниот поединец.
Двајца
поенинци кои имаа 5 од 5 учества на Трансверзалата беа јавно пофалени.
Се беше во знакот на годинашниот - 4М поздрав, ем убаво, ем атрактивно, ем
лудо, ем незаборавно!
Патешествијата
на годинешната Трансверзала повеќе во
ТРАНСВЕРЗАЛНИОТ ДНЕВНИК 4М 2007
ФОТО
АЛБУМОТ 4М 2007
Догодина,
помнозина!
Основач, координатор и организатор на Трасверзалата 4М
С.Величковски - ПСД Руен Крива Паланка.
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
|