|
ТРАНВЕРЗАЛЕН
ДНЕВНИК
Прибележил идејниот творец на 4М,
поставувач
на патеката, креатор на логото, мотото, макацискијата и амблемот, планинарски
водач и координатор на Меѓународната
Планинарската Трансверзала 4М
4М1
2007 19мај 2007
4М1с
20 мај 2007
ПО
ПАТОТ НА ЕДНА ЛЕГЕНДА ОД 11- ВЕК
Дожд, ситен дожд, појорни дождови, невреме пропратено
со грмотевици.., пак дожд, ситен дожд...
Кога во една десетотдневна временска прогноза би
виделе вакви параметри сигурно би
помислиле дека се работи за доцна есен... та
нели имавме до пред некој ден вистинска рано-пролетна суша. Арно ама во
природата нема лошо време, пријавувањето е при крај договорените обврски со
помагателите на Трансверзалата како и со сместувањето, превозот се сметаат во
бројки а тие се менуваат од час на час, под повлечената црта има пријавено над
70-тина планинари ама којзнае... се сметаат само оние кои ке дојдат на
стартот. И така уште десетина пријавени
се откажуваат заради тестирањето за попишувачи/инструктори за Пописот на
земјоделско земјиште.
Утрото тргнуваме, скромно но самоуверени, со нас треба
да ја натовариме и декоративната цреша, а таа одгледана и грижливо спастрена од
основачот на Трансверзалата или како што стучно одгледувачите велат школувана и
засадена во јутана вреќа. Но и таа,
црешата , тешка, оловна накисната од неколкудневните дождови ноќта мораше да ја
помине на слама колку толку да се исцеди.
Ја одбираме такси-колата на Зоки таа е караван и ќе
може вреќата во багажник а стеблото до ветробранското стакло. Како по мерка, уште
само фиксирањето да го извршиме со ранците и можеме да тргнеме. Се чини дека и
птиците утово рано се распеале можеби и тие се во исчекување кога ќе престанат
дождовите. Ние сме навикнати на вакви работи да поаѓаме со “први петли” и да
погледнеме кон небото кога ќе излеземе од дома.
Другите две коли стигнуваат порано на договореното
место и чекаат, тргнуваме, сите со своја
престава во главата како ќе ја поминеме денешната маршрута на 4М1 Св. Гаврил
Лесновски- Св. Јоаким Осоговски.
Попатно очите ни се некаде далеку во хоризонтот,
околните ридови околу Кратово се под магла!? Веќе сме сигурни дека ќе не
придружува и дождот но само да нема
невреме, грмотевици...
Стигнуваме навреме, токму според протоколот, Ги вадиме
ранците, во паркот, и ги делиме обврските кој да ги пополнува пријавните листи,
кој да ги прифаќа гостите а Координаторот
и првиот преседател на Друштвото заедно со настојникот на манастирот ја
одбираат локацијата,каде да ја засадиме јапонската декоративна цреша?, во близина на зградата можеби нешто ке се
гради, поттаму има плочник, на влезот веќе е уреден со трендафили и зимзелени,
во овоштарникот нема да одговара и на крај
сосема природно сите се согласуваме дека “Бо близина на статот”, небаре
е жива маркација на патеката. Така е и подобро ќе ја имаме во “кадро” кога ке
тргнуваме во наредните години. И додека “Паланечката група” работи околу
припремата на засадувањето, Останатите веќе слушаат за значењето и
знаменитостте на Лесновскиот манастир, Лесновската легенда, занаетот на
обработка на воденичните камења...
Оттаму пред шестотини години старата дудинка си
спомнуваме за првата трансверзала, за сочниот сок ставен во тампонот на
трансверзалниот печат, два-три збора за условите на патеката поздрав до
друштвата и Преседателот на ПСС и одиме на засадувањето на дрвцето, очигледно
не е много практино во втората половина на мај ама по се изгледа временските
прилики ни се наклонети барем за ова точка од протоколот.
Но, ете тоа не важи и за гулабите-поштари кои требаше
да ја однесат пораката за бројната состојба заедно нашето мото “По патот на
една легенда од 11-ти век”, врнежливото време и маглата можат да бидат ризик за
ваков лет.
Групата е преброена нема пријавени проблеми и пред
стартната фотографија сите добиваат “планинарски ланч-пакет” подарок од
Локалната самоуправа на Пробиштип као замена на појадокот во природа со
промоција на Општината која требаше да се случи на водопадите на Емиричка Река.
Стартната фотографија влегува и во бележникот како
време на тргнување 07.20 во ред, годинава имавме малку повеќе активности.
Колоната полека се развлекува кон излезот на селото, веќе на првата пауза се
постигнува работната температура прилагодување на опремата и незгодни прања
уште колку до појадок, до целта!?
На Луковската чешма имаме солидно време според
движењето на групата имаме покомпактна група за разлика од минатите години.
Кога пожнавме да спуштаме кон Злетовица и дождот ни се приклучи на колоната,
ама не така страшно дури ин а моменти пријатно, само што поголем дел од видикот
на Осоговските планини беше во облаци и магла. Злетовска Река за чудо беше
помала отколку што си ја замислувавме, ја минавме без проблеми, дури некако
како да ни ја подобри циркулацијата на нозете.
Облаците се згуснуваат, а ние наближуваме кон местото предвидено за појадок.
И одеднаш како фатаморгана гледаме објект над
водопадите се упатуваме а таму нова
викендичка со настрешница се засолнуваме и небото се отвара а ние ги отвараме
раниците и појадуваме. Токму толку како паузата за појадокот трае и поројниот
дожд а ние упатуваме благодарност до сопственикот на викендичката, ги прибираме
отпадоците, и тргнуваме...
Виктор ги мери параметрите со ГПС, ги споредуваме
според нашите мерења пред маркација на патеката се јавува разлика од околу 1,2 км до Кучешка Река, можеби тоа е
се должи на широкиот приспапен пат до Кнежево заради браната кој го замени
кривулестиот колски пат. Попатно само со поглед ги одмеруваме водениците,
валјаниците со одбиени вади, трошните сламени куќи. Добри сме, до Кучешка Река
имаме го надолнивме закаснувањето од 20 минути на страртот. Но повторно се
спрема дожд иако цело време го имавме оној ситниот, сега тоа е веке проблем.
Телефонот постојано звони, оние кои биле дел од патешествијата на 4М а не се со
нас прашуваат до каде сме, не бодрат, но последниот повик беше од медицинското
обезбедување. се договараме да се спуштат по Кучешка Река и таму да не чекаат.
Го започнуваме најголемото искачување на нагорница, оние кои повеќе пати биле на трансверзалата се
убедени дека на тој “челопек” и силното попладневно сонце во изминатите години
било роблем (…мала утеха). Големите
Букови стебла се како цели анфитеатри но се е мокро, ги одминуваме само со
помислата да имаше сонце. Веке сме на во самото подножје на Чука (Мазуље).
Мало изненадување тука не пресретнуваат Данчо и Звонко
тие тргнале во 5.30 од Крива Паланка за да не пресретнат и да ни се придружат и
заедно со нас да стигнат на целта.
Дождот сега е на бранови ситен…покрупен. Треба да донесене
одлука заради дождот има предлог да се одвоиме од маркацијата во Кучешка Река.
Малку е непријатно да се оди по Реката а можно е да имаме и некое ново
прегазување а калот е сосема нормална појава на вакво време. Тргнеме по гребенот се до Костадиница
највисокиот врв на патеката. Иако врне
дождот не е пропратен со грмотевици, но има опасност заради големата влажност
од појава на магла. Тргнуваме со искачување по изохипса и по кратко време се
соочуваме со првиот проблем. Пристапните патишта кон браната допринеле малите
козји патеки сосема да обраснат а ако тргнеме по широкиот колски пат ќе не
врати повторо во Злетовица. Немаме избор мора да го искачиме врвот врвот и со
пресекување преку шумата да излеземе на козјата патека која води кон порта.
На врвот моравме да ја извадиме и топографската карта,
си прокоментиравме дека сме на истото место и навистина погледот кон Злетовица
беше ист со тоа што сека бевме извишени за 300 м повисоко односно на 1521
м.н.в. Костадиница е во магла. Го
започнуваме спуштањето низ шумата, одиме
во збиена колона за секој случај. Ги запознаваме медицинското обезбедување дека
ја изменивме маршрутата да не сочекаат пред Костадиница. По десетина минути
стигнуваме на патеката и продолжуваме сега веќе споредбите со параметрите и
времињата од претходните Трансверзали не ни се во фунција. Она што го знам е
дека колоната мора да ја извлечам до
16.00 на Костадидица каде е предвиден ручекот, секое тргнување подоцна од 17.00 значи дека во последните 5-6
км. ке не зафати ноќта.
Времето се влошува маглата, маглата се згуснува а во
такви услови секогаш ти се чини дека си поминал повеќе пат од реалното. Теренот
е едноличен но се надеваме дека ке нема потреба да се движиме по компас што
дополнително би ни го успорило движењето. И покрај се колоната добро се движи,
а маглата одвреме навреме како да сака да ни подотвори прозорец и да подледнеме
кон с. Дренак, училиштето, нашиот планинарски дом!? сега ни служи како
единствен ориентир дека наближуваме кон Костадиница.
И наеднаш го здогледуваме медицинското возило на ивишениот рид околу кој се е во магла а нивата
како да е во облаците. И ова искушение е минато, неколку учесници се упатуват кон медицинската
придружба, ништо страшно па плускавците се првите планинарски печати.
Пристигаме на Костадиница, штета нема место каде да се
приседне , се е мокро јадеме од нога, полека се усогласуваме не треба многу да
се задржуваме само да каснеме,
некој да смени чорапи, некој да ја спакува кабаницата
или да наполни планинска вода
чешмите на Конопничка Бела Вода,
Тргнуваме, контролното време повторно ни е солидно,
сега веќе е полесно, а и маглата ни останува зад грб, па можеме на гостите да
им ја покажеме и Крива Паланка и Калин Камен. Поминуваме низ Корија, тука не
пресретнува баба Стојана со син матил преку својата народна носија, ни
приговара дека ни приговара дека сите сакаат да се фотографираат со неа а таа
де добива фотографија, ... во право е. Одиме понатаму низ маалскиот амбиент
на од традиционалната селска
архитектура.
Се спуштаме кон с. Дурачка Река, Багремовата шума
толку многу е расцветана што изгледа како да е под снег, гостите прават
пресметка колку ли кошници со пчели би можела да опслужуваат овие миризливи
цветови.
На во селото пред продавница каратко запознавање за
утрешната програма затоа што оттука се
отклунува локалната патека 4М1с која води до водопадите во с. Станци. И причина
повеќе тука се наоѓа Вила-ресторанот “ММ” каде што наредниот ден ќе ја правиме
“завршната”.
Веке сите сме убедени дека се ќе биде О.К. но за секој
слуај ќе фатиме од “кај Дуле” да го поканиме со гитарчето.
Кога сме таму ја користиме приликата да ги запознаеме
гостите со приказната за познатиот францускиот сликар, и во отсуство на
обележје им ја покажуваме брезата каде е растурена неговата урна, по неговиот
аманет “По мојата смрт мојата урна да биде пренесена во Македонија Осоговскиот
Манастир.
Сонцето е веке на заоѓање а ние сме во манастирскиот
комплекс ја објаснувањето за трасата на млеководот и преданијата за начинот на
кој истиот фунционирал, сега сите заедно одиме пред манастирот токму навреме за
12.15 минути, токму според легендата ...до каде ќе стигне до зајдисонце.
...Бронхи, сега се чувствува и миризот на планинарското гравче, сега забавата
може да почне , Честитки од тимот што беше задолжен за реализација на 4М на
терен. Нестрпливи сме да завршат формалностите околу сместувањето на гостите
продолжиме, понатаму.
А, да, според протоколот сега требаше да ја засадиме и
втората јапонска декоративна цреша, а таа како да знаеше дека ќе бидеме уморни,
па расцвета и не примора така расцветана да ја засадиме по првомајските празници,
и си рековме дека матарките ќе ги истуриме кога ќе дојдеме од машрутата, арно
ама еве една недела како истура, само и посакавме да расте, да цвета и да го
краси и така прекрасниот декор на манастирскиот комплекс.
Ни најмалку не се сомневаме во Стоилко (еден од
претходните преседатели дека дочекот е серизно припремен).
Веќе секој е послужен со топлол чај, а и вечерата е
подготвена.
Се испишуваат трансверзалните книшки, сега пријавните
листи од стартот ни се добредојдени, ги утврдуваме најмладиот и највозрасниот,
друштвата учесници...
Ведрина и задоволство се гледа на лицата на сите, кога
некој би дошол сега одстрана не би ни поверувал дека препешацивме 40-тина
километри.
Говорот пред вечерата требаше да биде што пократок, но
не беше пресметано дека и присутните ке партиципираат со толку аплаузи,
Честитки до учесниците, поздрави до присутните, благодарност до помагателите и
обвска за Организаторот догодина да биде ем... ем.. ем.. ем...
Преседателот на Планинарскиот Сојуз на Србија ја имаче
честа покрај Бладарницата да ја добие и трансверзалана книшка со број 003, како
симболика дека токму во Србија се наоѓа третата делница на Трансверзалата.
Слушнавме инспиративно обраќање за убавините на
Осоговијата, за огранизацијата како и за тоа дека во ПСС сериозно прават
припреми за довршување на Трансверзалата 4М и кон Бугарија и кон Македонија.
Времето веке никој не го мери а веќе се договараме за
утре, сите ги бараат Водопадите на Козја
Река, како опција од Поканата, значи ќе се оди на 4М1с Собирно место ќе биде од пред “Ресторант Балкан” во 9.30 А водич за тој крај се знае, Стоилко, е тоа
ти се вика - роднокрајска тура.
Координаторот ке ги заврши обвските со гостинот од
ПСС, а мора да се даде и по некоја изјава за медиумите “нашите” Дуле и Жаки, и
тоа му доаѓа како ништо не се ако не се регистрира од седмата сила, па ни
земјотрес ако не бил реристриран.. , се мора да биде “регуле” а потоа сите во
Вила-ресторант “ММ” таму ќе се прави завршната журка. Голема благодарност до
газда Насе кој реши својот објект кој сто се наоѓа на самата патека на 4М1 да
го промовира и за нас планинарите, се разбира со гратис ручек.
Планинарите задоволни и од новата тура и од видените
воденици, ваљалници и од дестираниот еколошки мед кај Стоилко... Се фаќа ритам,
се врти колце, се пее песна...
зарем има подобар крај за една ваква организација во
најдождливиот мај во последните неколку децении...
Меѓународната
планинарска трансверзала “4М”
Стојанче ВЕЛИЧКОВСКИ
070 32 1234
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
www.planinarenje.org
|